Како што одминуваат протестите така напредуваат и компарациите. Почнаа како најлошите протести во владеењето на Макрон, па стигнаа до најлошите протести на територија на ЕУ за време на мандатот на кој било сегашен ЕУ лидер, потоа нарасна на најголемите протести во Франција од почетокот на веков, за да стигне до титулата на најголемите протести за време на мандатот на кој било претходник на Макрон во изминатите 50 години.
Како такви, протестите се сметаат за успех имајќи предвид дека Макрон се откажа од зголемување на данокот на гориво, плус вети некаков минимален раст на минималната плата во земјата. Масовноста и острината која доведе до овие резултати ги натера организаторите да го зголемат влогот и минатиов викенд да побараат оставка од Макрон, што баш и не им успеа.
Кај неуспехот важна улога одиграа и околу 89.000 полицајци кои викендов беа распоредени низ Франција, со цел да сопрат поголемо насилство и потенцијално упаѓање по институции. За споредба, за Еуро 2016 француските власти низ земјата имаа распоредено 90.000 полицајци, војници и приватно обезбедување.
Без претерани монтажи и совршени кадри (малку протести, малку оган/чад, малку полиција), походот на жолтите елеци на Париз сепак изгледа застрашувачки:
Нешто пократко, на тема „Викенд во Париз“