Во 2010-та само Аљаска и малиот Вермонт дозволуваа да се поседува оружје без дозвола за што како правна подлога беше користен вториот амандман од американскиот устав.
Оттогаш тргна лавина либерализации на поседување оружје па станаа 25 држави од кои 11 тоа го направија последните три години.
Ваквиот тренд предизвикува одушeвување меѓу поборниците за право на оружје, додека други стравуваат дека тоа ќе доведе до повеќе оружје на улиците и оттука - повеќе насилство.
Онаму каде што е потребна дозвола, од апликантите се бара да покажат умешност за безбедно ракување со пиштолот и познавање за често комплицираните закони за оружје и употребата на смртоносна сила.
Уште два тренда се регистрирани на оваа тема: прво, пандемијата доведе до неверојатен скок во продажбата на личното оружје и второ, обоени луѓе и жени стануваат сè почести купувачи.
Се разбира дека поседувањето оружје ги зголемува статистичките шанси за немили инциденти поврзани со оружјето. Но, како што пецна Бил Бур, и правењето базен статистички ги зголемува шансите за давење во базен.