Алгебрата ќе се врати во осмо одделение на основните училишта во Сан Франциско, иако ќе бидат потребни околу три години за да се понудат часови по алгебра за осмо и да се редизајнираат математичките програми за средните школи.
Прогресивните образовни бирократи од тој дистрикт го повлекоа курсот по математика пред цела една деценија велејќи дека сакале „да го одложат следењето на учениците во одделни математички секвенци до средно училиште“.
Таквите се надеваа дека ова ќе им биде од помош на црни и хиспано хиспано студенти и со години се тврдеше дека таквата - вештачка -еднаквост по математика ги подобрува стапките на успех на малцинските ученици.
Истиот тој дистрикт сега признава дека идејата „алгебра за никого“ била утка.
Како што предвидуваа критичарите, принудувањето на учениците да чекаат до деветто одделение за да полагаат алгебра, во реалноста го намали бројот на ученици кои се решаваат да полагаат математички курсеви на повисоко ниво во средно училиште, затоа што не може секој да оди на летна школа или да посетува приватни курсеви за да ги постигне стандардите за STEM (science, technology, engineering, math).