
Извештаите се дека 36 годишниот Рајан Колинс од Пенсилванија одлучил да ја признае вината во случајот, која опфаќа прекршување на законот за компјутерски измами и недозволен пристап до заштитен компјутер за стекнување информации.
Колинс наводно за ова користел "фишинг" мејлови со кои успеал да ги добие пасвордите за Ајклауд и Гмаил сметките на ѕвездите. Тој им испраќал мејлови во кои се претставувал дека е од Епл и барал од ѕвездите да ги сменат своите пасворди. Откако тие ги внесуваат информациите, податоците завршувале кај Колинс а не во Епл.
Властите не го обвинуваат Колинс за објавување на сликите на интернет, туку тој е под обвинение само за набавување на сликите. Се уште не е познато кој е "OriginalGuy", како што гласеше корисничкото име на човекот или групата што ги објави сликите на интернет. Тој тврдеше дека сликите ги платил со биткоин, ама не е јасно дали ги купил од Колинс.
Во 2014-та ФБИ за истиот случај прави упад во куќата на извесен Емилио Херера од каде заминува со "неколку компјутери, мобилни телефони, Киндл, флопи дискови, хард дискови и УСБ-а." Херера не е обвинет по ниту една основа.
Кога сме кај крадењето податоци на интернет, клик тука