САД ја разгледуваат темата за забрана на ТикТок и други кинески апликации, обелодени државниот секретар Мајк Помпео во интервју за Фокс.
„Не сакам да се истрчувам пред шефот (Трамп) но сериозно сме влезени во ова прашање за кинеските апликации, особено за ТикТок,“ изјави Помпео.
Во меѓувреме и друг топ дипломат од Вашингтон изјави дека човек треба да го симне ТикТок „само ако сака неговите приватни податоци да завршат во рацете на Кинеската комунистичка партија.“
Од ТикТок уште еднаш потсетија дека компанијата има извршен директор од САД, како и стотици други Американци на високи позиции, меѓу другото и во департменти за безбедноста на производот и дека никогаш ниту доставувале податоци до кинеската влада, ниту би го направиле тоа доколку би било побарано од нив.
Како потврда на нивната порака дека загриженоста е неоснована го наведуваат фактот дека сите серверски центри се лоцирани надвор од Кина и дека ниеден центар не е под јурисдикција на кинеските закони. Серверите за САД, на пример, се во САД, со бекап во Сингапур.
ТикТок е првата кинеска апликација на која сериозно загризаа луѓето од Запад. Во првите три месеци од годинава е даунлодирана 315 милиони пати, што е квартален рекорд на една апликација на сите времиња. По закачките околу границата на Хималаите, Индија го забрани ТикТок со оценка дека апликацијата е закана за националната сигурност и суверенитет, потег кој, по некои проценки, ќе ја чини компанијата околу 6 милијарди долари.
Ако не сте запознати со ТикТок, главната содржина отприлика е ова: