Што научивме денес: и трансџендери се трансфоби

Има транс-лица кои ја минуваат целата таа мачна, болна и неповратна транзиција за да усогласат телото со своето чувство за себе, но потоа остануваат незадоволни и се каат од „проектот“. „Науката“ има објаснување и за тоа: тоа незадоволство им е од што длабоко во себе се трансфобични.    

Нова холандска студија тврди дека „интернализираната (повнатрешнета) трансфобија“ е причина за проблемите со менталното здравје кои ги имаат трансродовите пациенти со објаснување дека нивното незадоволство од резултатот на медицинските процедури низ кои минале е резултат на надворешен притисок да се усогласат со родовите стереотипи.

Студијата истражувала една медицинска контрадикција на трансродовите: и покрај вообичаеното тврдење дека медицинските процедури за промена на полот го подобруваат менталното здравје на пациентите, многу пациенти пријавуваат континуирани ментални борби после овие процедури. Истражувачите велат дека стресот, стигмата и интернализираната трансфобија ги предизвикуваат проблемите.

Некои пациенти биле незадоволни од хируршките зафати и другите интервенции откако сфатиле дека всушност не изгледаат како другиот пол. Не им се допаѓало како изгледаат, не биле задоволни од своето „ново“ тело но истражувачите вина за тоа гледаат во „преголемите очекувања“.

Не можам во огледало да се погледнам. Кога сум гол, самодовербата ми е рамна на нула“, рекол еден од испитуваните пациенти.

**********

Види и:

Да смениш пол не е исто како да смениш патец

 

26 јануари 2023 - 09:38