Во еден од објавените случаи Вајнстин ги ангажира поранешните припадници на израелското разузнавање да му ги решат проблемите со Роуз Мекгован. Тие пред актерката се претставуваат како поборници за права на жените и тајно ги снимаат средбите со нејзе „како дел од широкиот обид на филмскиот могул да ја затвори истрагата против него по обвинувањата за сексуален напад, и да ги дискредитира тие што го обвинуваат.“
Во зближувањето на Мекгован и биле понудени 60.000 долари за да одржи говор на еден од настаните што наводно биле организирани од агентите, кои се претставиле како дел од непостоечки фонд за „одржливи и одговорни инвестиции“. Тие во повеќе наврати и порачуваат на Мекгован дека сакаат да инвестираат во нејзината продукција.
Информацијата за мрежата на Вајнстин во Њујоркер ја објавува Ронан Фароу, истиот новинар кој првично ја објави сторијата за настраноста на мега-продуцентот. Во текстот Фароу „педантно го опишува деталниот начин на кој Вајнстин се труди да ги потисне обвинувањата дека сексуално малтретирал или нападнал бројни жени.“
Според сторијата Вајнстин за да собере информации за дискредитирање на жените и новинарите кои се обидуваат да го откријат пред јавноста, платил стотици илјади долари на Крол, една од најголемите светски компании за корпоративно разузнавање, и на Блек кјуб, слична компанија водена од поранешни припадници на израелски Мосад.
Фактурите што се објавени покажуваат дека тој имал договор од 600.000 со Блек кјуб, со бонус од 300.000 ако „комплетно го спречат“ објавувањето на сторијата.
Кога Фароу и покажува на Мекгован неколку фотографии од вработените на Блек кјуб што работат за Вајнстин, таа инстантно ги препознава „инвеститорите“ од Лондон.
Вајнстин им има наложено на агентите да собираат информации за дузини поединци, и да составуваат психолошки профили „кои некогаш се фокусриаат на нивните лични или сексуални приказни“.
Њујоркер пишува дека агентите ги прочешлувале приватните животи на новинарите, вклучително и составување профили на нивните поранешни сопруги, со цел да најдат информации за нивно дискредитирање, а целиот прогрес на задачите бил лично мониториран од Вајнстин.
Комплетната сторија на Њујоркер тука.