Таг: харви вајнстин

Тајниот срам на Харви Вајнстин

Во 1999, Харви Вајнстин со хеликоптер го однесоа на островот Св. Вартоломеј заради мистериозна, по живот опасна бактериска инфекција. Што и да беше, толку многу го засрами, што во болницата влезе со лажно име, избегнуваше контакти и целата енергија ја потроши да ги спречи новинарите макар и да посочат кон таа хоспитализација. Неколку години тврдеше дека за малку ќе умрел и дека останал со лузни од операција на стомакот - сево ова како резултат на - „труење со храна“.

Харви Вајнстин може да биде и ослободен

Иако веќе служи 23 години казна затвор за силување и сексуален напад, а до условно има уште години робија, можно е да се случи Апелација да ја собори затворската казна и целосно да го ослободи некогаш најголемиот продуцент во Холивуд.

Како Господар на прстените ќе завршеше како 2-часовен филм

Злотворот кој моментално е на тапет заради своето однесување со сè женско што допрел, своевремено му се заканил на Питер Џексон дека ќе биде сменет од проектот Господар на прстените ако не ја претвори книгата на Толкин во 2-часовен филм.

Шпиони и новинари на платниот список на Вајнстин

Еден од најмоќните луѓе во Холивуд со години работи на задушување на сите обвиненија против него за сексуални напади, во што на своја страна има ангажирано екс-Мосад шпиони и новинари.

Како директорите на Ен-би-си ја потиснаа ексклузивната сторија за Вајнстин

Откако неколку месеци има директно спротивставување и пречки во својата матична телевизиска мрежа, новинарот на Ен-би-си њуз Ронан Фароу решава ексклузивната приказна за Вајнстин да ја однесе во Њујоркер.