Но, за време на судењето за силување во 2020, почна да се оформува слика за она што веројатно му се случило. Џесика Ман, една од неговите жртви, изјави дека кога прв пат го видела гол, помислила дека е „деформиран и интерсекс“.
„Нема тестиси и личи како да има вагина,“ изјави таа, покрај тоа коментирајќи за лошата хигиена и желбата за „златни тушеви“.
Нејзиниот опис одговара со Фурнирова гангрена, ретка состојба што предизвикува кожата внатре во вагината да гори и да се збрчкува и кај мажи води до хируршко отстранување на тестисите. Подоцна, фотографии на кои Вајнстин е комплетно гол и сликан од напред се покажуваат пред поротата за да се поддржи сведоштвото на Ман и другите жени кои зборувале за ова. Иако фотографиите се запечатени, поротниците биле згрозени од тоа што го виделе и брзо си ги подавале фотографиите како да не можеле да издржат да ги држат.
Вакви детали и други има во биографијата од Кен Олета со наслов Холивудски крај: Харви Вајнстин и културата на тишината. Книгата која е прв преглед на животот на продуцентот од ваков тип, не зборува само за неговиот физички изглед; се таботи и за приказна за оние што го дозволувале неговото однесување, семејните драми, корпоративните криминали и апоплексичниот гнев. И на крај, во бескрајната листа на уништени женски тела во книгата, на површина избива и на Вајнстин телото - како извор на целото негово зло.