Убедливо највпечатлив удар беше бојкотот на Бад Лајт откако за заштитно лице го ангажираа трансџендер инфлуенсерот (некои го викаат имитатор на жени) Дилан Малвени.
- Трансџендер инфлуенсерот го издиша Бад Лајт
- Бад лајт веќе не е ни во топ 10 пива во Америка
- Бојкотот на Бад Лајт е само почеток
- Дилан испадна дека е лезбејка
Не беше само Бад Лајт. Во 2023 година, голем број компании открија дека „go woke, go broke“ не е само интернет меме.
Во 2021 година, Викторија Сикрет изврши масовно ребрендирање почнувајќи кампањи инспирирани од различноста: бабачко жени, жени со попреченост, жени бегалци и, нормално, транс-жени во долна облека. Годинава, со проектирани загуби од речиси една милијарда фунти, мораше да се откажат од „правоверните“ пораки и да го вратат чувството за „секси“ во својот маркетинг.
Поради реакциите на потрошувачите, и гигантот Унилевер реши да дигне рачна во пумпање на своите воук доблести, па нивниот нов ЦЕО во октомври вети дека стотина нивни брендови - од сапуните Доув до мајонезите Хелманс - веќе нема да трубат празни клишеа за социјални или еколошки каузи.
Во оваа 2023-та година, дури и Блек Лајвс Метер ја изгуби милоста од корпорациите која до пред некое време беше симбол на „вистинскиот курс“ на разбудените директори. Откако неколку гранки на БЛМ изразија поддршка за Хамас после нивниот крвав упад во Израел, Кока-Кола од својата веб страница тивко ги отстрани сите спомнувања за своите минати донации за БЛМ.
Но, разбудениот капитализам не е само прашање на брендирањето. Тој е длабоко навлезен во сите сфери на западниот капитализам, од банкарството до уметноста, од корпоративните индекси за пожелни практики до скапите и бесцелни обуки за инклузија и диверзитет.
- Обуки за диверзитет и инклузија се бадијала горење пари
- Диверзитетот стана голем бизнис
- Како идеолозите се инфилтрираа во американската уметност
„Во 2023 година, беше прекрасно да се види како компаниите се принудени со шкрипка да вртат 180 степени. Купувачите гласаат со своите паричници и не можат да бидат игнорирани. Но, будните вредности станаа толку фундаментални за функционирањето на капитализмот денес што потрошувачките бојкоти можат само да гребат по површината. Потребни ни се радикални политички промени ако навистина сакаме да ги клекнеме на колена разбудените капиталисти“, пишува Џоана Вилијамс.