Бојкотот на Бад Лајт е само почеток

На луѓето им е преку глава новоразбудени корпорации да им држат лекции како да живеат и што да мислат, пишува Том Слејтер. Бил Бур имаше сличен став за прекинување спортски настани заради „зголемување на свесноста“. „Да ти прекинам филм само за да ти кажам дека познавам човек кој има рак, онака, за да бидеш посвесен?“ се зезаше бостончанецот.

Што да се каже за бојкотот на Бад Лајт? Она што пред неколку недели беше отфрлено како конзервативен бес кој брзо ќе се смири и нема ништо да постигне, за да испадне најуспешниот потрошувачки бојкот последните години? Во нашата ера на културни војни, во која дури и брендовите за алкохол и сладолед се чувствуваат принудени да ни предаваат како да размислуваме и живееме, оваа епизода навистина кажува нешто.

Ако го пропуштивте сето ова - или ако, како мене, со години го бојкотирате Бад Лајт чисто заради вкус и процентуална основа - тогаш дозволете ми да ве воведам.

На 1 април, некогаш саканиот американски бренд за разводнети пива го претстави новиот амбасадор: трансродовиот ТикТок инфлуенсер Дилан Малвени. Како дел од промоцијата на „Мартовското лудило“, му беа дадени еден тон пари и персонализирани лименка Бад Лајт, во замена за кратко промотивно видео на социјалните медиуми.

Реакциите беа инстантни. Истакнати анти-воукери повикаа на бојкот, додека „големите и добрите“ го отфрлија сето ова како едно големо ништо. Бројките беа поинакви. Продажбата на Бад Лајт во една недела падна за неверојатни 26 отсто, додека  во меѓувреме, продажбата на ривалските брендови Coors Light и Miller Lite мистериозно се зголеми.

Неизбежно, сето ова беше препишано на наводниот трансфобичен фанатизам на пивопиите. Но, поентата не е како Дилан Малвени се идентификува, туку што вели и што претставува.

Тој стана најистакнатиот транс активист во Америка – порачувајќи им на ТикТок масите дека жените можат да имаат пениси и отиде да се види со претседателот Бајден за да се осигура дека тој целосно ќе ги охрабри збунетите тинејџери да заминуваат на неповратни и дискредитирани медицински интервенции. (Бајден и го стори тоа.)

Она на што луѓето се противат во врска со ненадејната сеприсутност на Малвени не е тој сам по себе, туку морничавоста на оваа секуларна, сексистичка религија која ја негира биологијата. Религија која упорно им се наметнува ним и на нивното семејство, особено кога само сакаат да се релаксираат, да одгледаат утакмица и да се напијат пиво.

Не верувам дека има такви кои веруваат дека Малвени бил избран поради неговите актерски вештини или способност да си игра со лименки. Веднаш по објавувањето на рекламата, се појави Алиса Хајнершајд, заменик-претседател за маркетинг на Бад Лајт,  објаснувајќи како се сака имиџот на брендот да се носи во нешто повеќе „инклузивно“. А како што сите знаеме, „инклузивно“ сега е шифра за „ексклузивно за секој кој не верува во лудите елитистички идентитетски политики“. Тој клип стана вирален и го разгоре пламенот на бојкотот. Сега Хајнершајд, заедно со директорот за маркетинг, Даниел Блејк, се малку пуштени на отсуство.

Левите либерали кои сега ја исмеваат оваа ненадејна политизација на потрошувачките брендови треба да запомнат дека бојкотирачите не се тие што го започнаа ова. Со години наназад, корпорациите си земаа за право да им држат лекции на своите клиенти за социјални и политички прашања. Неизбежна беше контра, од овој или оној вид.

Се сеќавате на Жилет кои #MeToo времето ги информираа муштериите дека е лошо да се малтретираат жени? Или кога банката Халифакс воведе беџови со правилно обраќање кон нивните вработени, порачувајќи има на оние кои ова не им се допаѓа да го префрлат својот бизнис на друго место? Или кога компанијата за сладоледи Бен и Џери влезе во дебата за миграционата политика? Малку глупо, пошто им беше докажано дека дискриминирале мигрантски работници.

Како што истакнаа различни коментатори, бојкотот на потрошувачите ретко функционира, а уште помалку трае. И ова ќе помине. Имаат луѓето поголеми работи за кои треба да се секираат.

Но, има нешто несомнено позитивно во овој тивок бунт против разбудениот капитализам; против метастазирањето на идентитетскиот активизам во секоја сфера на животот; против сите империјални корпорации кои сакаат да ги наметнат своите вредности на сите други.

Нека потрае отпорот.

Том Слејтер

 

 

7 мај 2023 - 09:06