Откако се смири галамата, почна да се расплеткува и приказната околу неговата смрт, и колку е погрешно што таа се етикетираше со залепи митот за тажниот кловн.
Според сведоштвото на неговата сопруга тој не извршува самоубиство само затоа што бил во депресија, туку тој страда од ужасно заболување "чии симптоми се извадени од најмрачните сценарија за Алцхајмер, Паркинсон, деменција и шизофренија." Неговата сопруга објаснува дека "депресијата е еден од 50-те симптоми кои тој ги има, и таа е една од најмалите симптоми."
"Митот за тажниот кловн е погрешен и деструктивен. Тој промовира гледиште според кое хуморот е сфатен како форма на бегство од бледата реалност која неминовно ќе триумфира на крајот.
Кога ќе ти кажат дека си смешен затоа што си ментално болен, ти имаш силен порив да не бараш помош за твојата депресија, анксиозност, и за твоето опсесивно-компулсивно однесување. Твојата болест станува сопствен спас, твој спас, твоја супермоќ.
Постои дисфункционална утеха за секој депресивен комичар кој ќе прочита, во трогателниот есеј на Ендру Соломон за Робин Вилијамс: 'Истите квалитети кои ја поттикнуваат брилијантноста на човекот може да го поттикнат тој човек и на самоубиство.' Ако си депресивен и се чувствуваш дека твоја единствена вредност е тоа што си смешен, тогаш самоубиствената безвредност е она што го плаќаш за оваа супермоќ," пишува Шон Ариер-Лерер во текстот за Слејт.
Истиот овој мит се користи и за разликување меѓу автори на комедија и "нормални" луѓе со што комедијата се претставува како симптом на абнормална психа.
"Сите останати сме сериозни и нормални луѓе кои живеат во вистински свет; комичарот не може да се справи со истата оваа сериозност и нормален свет и затоа прибегнува кон смешни изветоперувања на реалноста," пишува Ариер-Лерер, кој текстот го завршува со пораката: "Време е да го замениме митот за тажниот кловн со митот за кловнот: смешните луѓе се смешни затоа што светот е смешен, не затоа што тие се непоправливо тажни."