Правдата не мора да е бавна ама може да е глупа

После две и нешто години од фаталниот настан, од работа е набркан полицаецот кој пукаше и уби 12 годишно момче во Кливленд што своевремено доведе до гневни протести кај американските црнечки заедници. Но, веста не е самиот отказ туку причината за него. 

На 22 ноември 2004, 12 годишниот Тамир Рајс се чаталел со лажен пиштол во парк во Кливленд. Бил пријавен и набрзо дошла полицијата. Офицерот кој се нашол на местото на настанот веројатно лесно ќе можел да утврди за какво оружје се работи ако не пукал веднаш во момчето.

Неполни три години подоцна Тимоти Леман добива отказ од работа заради - нецелосни податоци во апликацијата за работа.

Леман и неговиот колега (кој своевремено беше „драконски“ казнет со суспензија од работа во траење од цели 10 дена) доаѓаат во паркот по пријава во 911 дека „очигледно алкохолизирано момче мафта со најверојатно лажен пиштол во паркот. Па сепак, Леман пукал во него само две секунди откако излетал од колата.

Отказот го добива откако службите утврдиле дека тој не ја спомнал негативната препорака за влегување во служба од неговите тренажни инструктори.

Во 2014 Леман беше ослободен од кривична одговорност.

Случајот затворен.

 

 

31 мај 2017 - 09:35