По минувањето на царинска контрола на влезот во САД, таа била тргната на страна и однесена во посебна просторија за испрашување.
Бонја за случката на својот Инстаграм пишува: "Наместо да ми постави некои вистински прашања, цариникот одлучи да зборува за нашиот претседател. Откако дозна сè за мене, тој почна да зборува за КГБ... Почнав да се смеам, мислев дека е некој шега, се додека не ми го поставија истото прашања по трет пат!"
Откако била притворена, цариниците и го провериле и новчаникот на Бонја, во кој нашле визит-карта од компанија што е специјализирана за скриени камери за надзор, што таа ја добила на саем за технологија во Москва.
Девојката била ослободена откако цариниците ја провериле на Гугл и ги разгледале нејзините фотографии на социјалните медиуми.