Од Ататурк ќе остане само името на аеродромот во Истанбул, ама веќе и тоа не е сигурно

Најлошиот заклучок е дека тесната победа на Ердоган на референдумот е почеток на неговиот крај, бидејќи со идентични резултати како во неделата тој на парламентарни избори би освоил две-третинско мнозинство, пишува Жељко Пантелиќ.

Пред 20 години, тогаш уште миленикот на Европа и напредна Турција, градоначалникот Ердоган изјави: "Демократијата не е цел туку средство: таа е трамвајот од кој можеш да се симнеш кога ќе стигнеш на посакуваната дестинација."

"Ердоган не ја искористи само демократијата за да стигне до својот 'султанат', тој ги злоупотреби и сите што му се најдоа на патот. Од Фејтула Ѓулен, благодарејќи на кого влезе во државниот апарат, посебно во полицијата и судството, преку ЕУ која му послужи како параван за да го потчини сопствениот воен апарат и да ја исламизира земјата, до бегалците од Сирија кои му овозможија да ја уцени Ангела Меркел пред последните избори есента 2015, и од Германија да добие пари и јавна поддршка за да освои мнозинство во парламентот кое го изгуби на претходното изјаснување на граѓаните," пишува Пантелиќ.

Тоа што сега го најави како референдум за враќање на смртната казна во Турција, всушност треба да постигне три работи истовремено:

1. Да ги збие редовите во својата партија и да ги привлече уште порадикалните сегменти, вклучително и оние кај Курдите.

2. Да ја присили ЕУ таа да ги прекине преговорите за членство во Турција.

3. Да се избори за исфрлање на Турција од Советот на Европа.

Ова последново е посебно важно и најверојатно од сите три бидејќи Советот претставува глобален лидер во борбата против смртната казна а еден од предусловите за членство во него е земјата да нема смртна казна.

Она што ќе го добие со протерувањето од Советот е што со тоа и Европскиот суд за човекови права ја губи ингеренцијата врз Турција, односно турските граѓани повеќе нема да можат да се жалат во Стразбур на одлуките на турските судови.

Претпоследниот чекор во овој круг беа уставните реформи, со кои Ердоган речиси ја избриша независноста на судските власти, и судиите речиси ги стави под свое.

"Во политичкиот вокабулар на Ердоган не постои зборот 'кохерентен', но затоа со црвена боја е подвлечена амбицијата од турската историја да се исфрли Ататурк и да се искорени европеизацијата на Турците и Турција. Од Ататурк ќе остане само името на аеродромот во Истанбул, ама и тоа веќе не е сигурно," порачува Пантелиќ.

Една статистика околу референдумот:
Една статистика околу референдумот:

 

20 април 2017 - 16:00