Во време кога сме преокупирани со секојдневните проблеми и грижи, во трка со времето и преполни со обврски, изгледа забораваме дека добрината, добрите дела, љубезноста и пријателството се нашите најголеми вредности, вредности кои треба да ги негуваме и споделуваме со другите, особено во овој период од годината.
Coca-Cola и оваа година е тука да ја сподели магијата на празниците и да не оттргне од апатијата, мамејќи искрени насмевки и радост. Убавите новогодишни реклами , украсените црвени камиони и прекрасните слики со Дедо Мраз и Coca-Cola низ Македонија се секогаш предвесници на празниците и ни го носат новогодишното расположение поттикнувајќи топлина во срцето.
Годинава Coca-Cola и Дедо Мраз ни ја донесоа новогодишната магија во малку поинакво светло со моќна порака која не освојува, потсетувајќи дека нема поубаво чувство од тоа да направиме некого среќен.
За овие празници, Coca-Cola нè изненади со специјална новогодишна етикета од која со само неколку потега се прави прекрасна црвена панделка и го претвора Coca-Cola шишето во подарок што ни го освојува срцето. Едноставен начин да покажеме внимание и да разубавиме нечиј ден, да измамиме безброј задоволни насмевки и поттикнеме моменти на радост и среќа. Волшебната етикета се наоѓа на Coca-Cola пакувањата од пола литар во сите продавници низ Македонија.
Новогодишната магија е во чинот на подарувањето и споделувањето љубов, радост и оптимизам. Да ја поддржиме со нашите дела и да направиме некого среќен.
(комерцијален текст)