Причина за ова е стравот на кинеските власти дека храната може да содржи забранети супстанци (допинг, стероиди и сл.) кои подоцна би се појавиле во тестовите на спортистите.
Така се случи со кинескиот пливач Оујанг Кунпенг кој на Олимпијадата 2008-ма беше дисквалификуван заради допинг. Неофицијално, тој јадел месо во некоја друмска кафеана во кое имало сериозно количество Кленбутерол.
Слично беше и со германскиот пингпонгар Димитриј Овчарков, кој бил позитивен на Кленбутерол, една недела откако се вратил од турнирот во Сужоум каде јадел месо со забранетата супстанца.
Токму од овие причини, на почетокот од годината кинеските власти им забранија на сите спортисти кои се подготвуваа за Лондон да јадат свинско, говедско или јагнешко, надвор од тренинг центрите во земјата.
Единствено храната за космонаутите на кинеската вселенска станица минува повеќе проверки отколку онаа на кинеските спортисти. Месото за репрезентацијата се чува во фрижидер откако ќе ја мине контролата на кинеската анти-допинг агенција. За секој тест се земаат по три примероци, од кои два агенцијата ќе ги чува цели 8 месеци по завршувањето на Олимпијадата.
Инаку, кинеската репрезентација во маратон јаде само пилешко месо од живина што тие самите ја одгледуваат, истото важи и за свинското месо на џудо репрезентацијата, а 196 пливачи на кинеската репрезентација на почетокот од годината 40 дена не јадеа месо, бидејќи федерацијата не можеше да најде безбедно месо.