Одлуката на високиот суд е дека христијанската сопруга на кралот треба да ги добие парите што и биле ветени, а биле ветени - 40 милиони долари.
"Јавната пресуда од вторникот го покрена прашањето дали кралот Фахд и неговото преостанато семејство имаат некаква корист од пактот за молчење, меѓутоа ним и сепак им е наредено да платат," пишува Нико Хајнс во Дејли Бист.
Сега 68-годишната Џанан Харб, имала 19-години кога на тајна церемонија ја омажиле за идниот крал на Саудиска Арабија. Тој и објаснил дека не можел да се ожени со девојка од христијанско семејство и покрај тоа што таа пред свадба ја сменила верата и станала муслиманка. Харб тврди дека кралот ја присилил да има три абортуси.
Харб раскажува дека две години по наводната свадба, таа била протерана од земјата, откако саудискатото кралско семејство ја обвинило дека го навлекла Фахд на метадон. Таа на суд признава дека протерувањето го доживеала како развод, по што уште два пати се мажела.
И покрај ова, судијата одлучил дела оригиналното ветување на Фахд да се грижи за својата тајна сопруга до крајот на нејзиниот живот и понатаму имало тежина.
Со одлуката на Харб и следува исплата од 23 милиони долари во готово, и сопственост на два стана со вкупна вредност од 15 милиони долари.
Хајнс смета дека Саудијците најмногу згрешиле што му забраниле на принцот Абдул Азиз (син на Фахд) во јули да присуствува на расправата за случајот и да го даде своето сведочење за настаните. На рочиштето адвокатите му соопштиле на судијата, дека кралот Салман, инаку брат на Фахд, го забранил патувањето на принцот со цел судењето да не се претвори во "медиумски циркус".
Харб, инаку родена на Палестинските територии, годиниве до пресудата не ги минува во некоја ужасна беда и сиромаштија. Таа во 2001-ва добива исплата од 7,7 милиони долари од саудиското семејство, за сите овие пари да успее да ги списка и во 2008-ма да прогласи банкрот.
Пред овие пари, во 30-те години егзил, Харб за своето молчење добила десетици милиони долари од Саудијците, заради стравот на Фахд информацијата за нивната врска да не стигне до ултра-конзервативното вахабистичко свештенство.