Харклес, инаку крило, во текот на досегашната сезона има просек од 2,5 шута за тројка по натпревар. Во последните 4 натпревари од сезоната тој има вкупно 0 (нула) обиди за шутирање тројка.
Не станува збор за проблем со тренерот или некоја стратегија пред своето време, туку се глави заради договорот на Харклес. 4-ката на Треилблејзерс има 4-годишен договор вреден 40 милиони долари. Во договорот тој има ставка во која на него му следува бонус од половина милион долари ако во текот на регуларната сезоната (без плејоф) има просек за тројка од 35%.
Цела сезона тој се движи околу овие 35%, а со неколку промашени против Јута стигна на 35,05%, и секоја следна утната тројка би го чинела 500.000 долари, затоа што просекот би му паднал на 34,87%.
Во последните четири натпревари тој шутира само за два, а на прашањето од новинарите пред последниот натпревар на сезоната, дали ќе шутира тројка ако има шанса, Харклес одговара "Вие би?". Натпреварот против Њу Орлеанс Пеликанс беше последен во регуларната НБА сезона, а Харклес го заврши со нула обиди за тројка, и бонус од 500.000 долари.