Најголемото откритие во Рим од Форумот

Археолозите во Рим завршија со ископувањето на она што го нарекуваат - најголемото археолошко откритие во градот од пронаоѓањето на Форумот.

Во прашање е уметничкиот центар изграден од императорот Адријан во 123-та година п.н.е. кој бил составен од 3 огромни сали во кои богатите Римјани доаѓале да слушаат поезија, говори и филозофски трактати.

Локацијата на ископината е во самиот центар на денешен Рим, а објектот е откриен само благодарејќи на почетокот на изградбата на подземно метро пред неколку години.

"Аудиториумот на Адријан е најголемото откритие во Рим од пронаоѓањето на Форумот во 1920-та. Ние немаме пари за вакви ископувања, целата работа беше откриена благодарејќи на новата линија на подземната железница," изјавила Росела Реа, одговорна за ископувањето.

Заради откритието сега архитектите на подземната железница ќе треба избришат две од предвидените станици во центарот на Рим, кои требаа да бидат директна врска со центарот на градот.

Археолозите раскажуваат дека при ископувањето на локацијата, сцената наликувала на пост-апокалиптичен филм. Средишниот дел на кровот, масивно парче со големина 5 на 7 метри бил паднат во средината на центарот (како последица на земјотресот од 848 година), а целиот центар бил полн со јами ископани по падот на римското царство кои биле користени за топење железо и злато.

27 декември 2012 - 09:21