Токму тоа ѝ се случило на една фамилија од Вако, Тексас, заболени од ковид.
Од засега непознати причини, куќата среде ноќ ја зафатило пожар кога сите биле дома и спиеле. За среќа, едната ќерка немала коронавирус и таа била ангелот што ги спасил бидејќи го насетила мирисот
„Почувствував мирис на запалена пластика. Кога станав, едвај се пробивав низ куќата бидејќи веќе беше полна со чад,“ вели 17 годишната Бјанка Ривера која ги разбудила останатите тројца.
Како во стандардна американска драма, откако биле на сигурно, домаќините сфатиле дека кучињата сè уште им се внатре па влегле и ги спасиле и нив.
Приказната е со хепиенд, сите се живи и здрави, освен што им изгорело ама баш сè што имале и било спасено само она што на себе го носеле таа ноќ. Сега се во мотел и им помага Црвениот крст.
Така што, „нека ти јутро мирише на мене“ не секогаш е баш така банален љубовен стих.