
Ерик Лоусон починал во својот дом во Калифорнија поради откажување на белите дробови со кои имал проблеми откако му била дијагностицирана хронична пулмонарна опструкција.
Бил актер со помали улоги во Барета и Улиците на Сан Франциско за во 70-тите години да биде ангажиран како лице на Марлборо, во класичната каубојска поставка.
Подоцна учествува и во пародии на Марлборо на кои бил особено горд, иако и кога ги снимал не престанал да пуши.
Со цигара бил од 14 годишна возраст.
Зад себе оставил 6 деца, 18 внуци и 11 пра-внуци.