Шансите биле 175 спрема 1 дека Уругваецот повторно ќе добие напад на гризење за време на Мундијалот.
ЕСПН ја пренесува сторијата на Томас Силверсон од Трондхајм, Норвешка, кој ставил 5,25 долари пред почетокот на Мундијалот. Кога Суарез го загриза Кјелини во 79-та минута, Силверсон стана побогат за 916 долари.
Од сајтот Betsson, изјавиле дека вкупно 167 луѓе се кладеле на овој тип, а најмногу пари извадил Норвежанец кој од гризот добил 3.300 долари.
По третото гризење во кариерата, ФИФА размислува да го казни Суарез со забрана за играње од 24 натпревари. Претходни жртви на Уругваецот беа Отман Бакала, додека Суарез играше во Ајакс, а истото го направи и пред една година на натпреварот Ливерпул - Челси, кога го гризна Бранислав Ивановиќ.