Кој е Емин Агаларов, човекот кој ги спои Трампови и Путинови??

Тоа е човекот кого медиумите го идентификуваа како оној кој ја договорил средбата на синот на Трамп со адвокати блиски на Путин околу материјал за Хилари кој на Трамп би можел да му биде корисен во изборите. Емин има 37 години. Поп пејач е ама и син на еден од најбогатите Руси. Татко му го викаат „Рускиот Доналд Трамп“.

Емин Агаларов се има школувано во Швајцарија и САД по што му се приклучува на семејниот бизнис, една од најмоќните руски компании Групацијата Крокус во која главниот збор го има неговиот татко. Според Форбс, Асар Агаларов е еден од најбогатите Руси кому Путин му го има дадено највисокиот орден за граѓански лица.

Врската меѓу двете бизнис империи датира од 2013, кога таткото и синот Агаларови го донесоа во Русија натпреварот Мис Универзум за кој во тоа време лиценца поседуваше Трамп. Актуелниот претседател со години ја бутка и идејата за градење Трамп кула во Москва, Неуспешно, засега.

Во  овие 4 години, Трамп и Асарови во бројни прилики си давале „јас тебе војводо, ти мене сердаре“ комплименти кои ја граделе довербата потребна за токмј младиот Сараов да биде посредник во една таква политички чувствителна тема.

За блискоста на две фамилии говори и фактот што Трамп прифати да се појави во видео спот на Емин. Женската ергела во спотот се учеснички во Мис Универзум 2013.

 

11 јули 2017 - 10:42