
Новото лудило е околу "thigh gap" изгледот, за кој треба да имате толку слаби нозе што кога стоите бедрата воопшто не ви се допираат.
Целиот тренд на големо е поддржан на Фејсбук, Тамблр и Пинтерест, каде тинејџерките објавуваат фотографии од своите неиздржливо слаби нозе, со цел да го покажат својот успех.
Освен фотките, девојките разменуваат и свои искуства за слабеење и како да останат такви.
"Вчера внесов 380 калории, ама потоа изедов толку бомбони што бројот на калории порасна на 650. Деебееееелааа. Господе дозволи ми да бидам слаба," пишува една млада Германка на својот Тамблр.
За референца, Светската здравствена организација препорачува внесување на 2.500 калории дневно за да се поддржи растот на една тинејџерка.