Кога деца заминуваат во војна

Идејата за деца војници се појавува некаде во последниве 30-на година. Ама тоа што на темата и недостасува во историја, го надополнува со драматичност која излегува од секоја можна слика на 9-годишно дете со Калашников во раце.

Активизмот за спасување на децата војници го достигна својот врв со виралното видео КОНИ 2012-та, во кое се бараше апсење на Џозеф Кони.

"Детето војник што ја прогонува западната имагинација е киднапирано, со испран мозок, дрогирано и присилено да изврши злосторства се додека ти, западниот донатор, не направиш нешто за да ја сопреш трагедијата," пишува Малком Харис во текстот за Аеон.

Неговиот аргумент е дека нашата вџашеност од децата војници не бидејќи тоа е некаква промена од модерното војување, туку дека повеќе е поврзано со "глобализација на идејата за детството како заштитен период на развој."

"Појавата на фразата 'деца војници' ја одбележува точката во кој општествениот концепт на детството станал неспоредлив во спрега со оној на војната," пишува професорката по меѓународни односи на Универзитетот на Свонси, Хелен Броклехурст, во нејзиниот есеј за деца војници од 2009-та.

 

"На овој начин децата војници ги обележуваат сите нелегитимни вооружени групи, чии мотиви секогаш се нерационални - како оние на дете војник. Нивната борба е заблуден одговор на траума, или резултат на наведување како од култ, или под присила од насилство од манијакален насилник. Децата војници се жртви како и престапници, кои како и сите не-државни борци се жртви на својата будалеста тврдоглавост. А бидејќи не можам да најдам пример на народно востание кое не вклучувало тинејџери (вклучително и американското), секоја народна револуција де факто е прекршување на меѓународните закони," објаснува Харис.

Како историски примери за деца војници тој ги наведува: прускиот генерал и автор на книгата За војната, Карл вон Клаусевиц, кој на 12 години се приклучува на војната; Александар Македонски го загушува тракиското востание на 16 години; Јованка Орлеанка како тинејџерка се приклучува во армијата.

Во ова време и во овие примери возраста на децата не е знак дека нивната кауза е погрешна или дека тие се наведени, туку инспирираните деца се сметале за божји знак.

целиот текст на Харис

3 јуни 2015 - 10:37