Овој поразителен исход го открива неодамнешен извештај на една група за заштита на потрошувачите која утврдила дека тежината на фрлени кеси се зголемила од 4,08 тони на 1.000 луѓе во 2014 година, на 5,89 тони на 1.000 луѓе во 2022 година.
Како може да се случи ова? Лесно. Во реалноста старите пластични кеси се заменија со нови, но сега потешки и подебели, за да можат да ги исполнат техничките спецификации за да се наречат „повторно употребливи“.
Очигледно е дека новите кеси - кои чинат 10 центи - луѓето не ги користат како што замислил законодавецот, како повторно употребливи, туку онака како што се научени, да ги фрлаат или оставаат некаде.
Но, товарот не е само на поединците. Поглед наназад во историјата на јавните пораки за загадувањето и за тоа кој е одговорен, покажува синхронизирани обиди на бизнис интересите одговорноста да ја префрлат на потрошувачите а подалеку од индустриите кои прават профит произведувајќи ја таа пластика.
Во меѓувреме, постоечките системи за селектирање и рециклирање отпад не влеваат никаква доверба. Во САД во 2018 година биле генерирани над 35 милиони тони пластика. Од нив само 8,7% биле рециклирани.
Секаде каде што погледнале, научниците нашле пластика: од најдлабоките океански ровови до највисоките алпски врвови. Пластиката на база на нафта не е био - разградлива. Со текот на времето, таа се распаѓа на сè помали и помали парчиња - познати како микропластика, микрофибер и нанопластика - и ја има во домашната прашина, во водата за пиење и во човечкото ткиво и крв.
*************
Види и:
Гринпис призна: Рециклирањето е ќорсокак
Хемиското рециклирање е опасна измама
Рециклирање, голема лага за да се продава повеќе пластика
Пластични цевки, или како ве убедија да мислите дека вие сте криви за загадувањето
Колку е шведски да немаш депонија