Во 1996 година, калифорниските гласачи со пристојно мнозинство изгласаа уставен амандман кој гласи:
„Дражавата нема да дискриминира ниту пак да привилегира никој поединец или група врз основа на нивната раса, пол, боја на кожа, етничко или национално потекло во областите на јавниот сектор, јавното образование или договорите со јавните институции.“
Државната легислатура на Калифорнија во кои Демократите се во мнозинство, штотуку гласаа повлекување на тој амандман што значи дека во иднина, оние кои ќе се сметаат за обесправени, ќе имаат право да бидат малку поеднакви од другите.
Пред да биде донесен тој амандман, Калифорнија и нејзините јавни универзитети имаа реални поплаки за расна дискриминација во нивните политики. Законодавците тоа го решија со наведениот стрејтерски амандман за „слепило за бои“, идеал кој произлегува и од сништата на Мартин Лутер Кинг.
Но, денес тоа веќе не чини бидејќи денес сè е обратно: оние кои повторно ја враќаат расата во игра се сметаат за анти-расисти а кон оние кои сакаат расната неутралност да биде заштитена со закон се покажува со прст небаре се скриени фанови на ККК.
Најугледните калифорниски образовни институции се екстремно селективни и компетитивни: Беркли, на пример, прима само 15% од апликантите. Од друга страна, Калифорнија ги има едни од најлошите јавни училишта во кои помалку од 30% завршени основци се функционално писмени за математика и читање. Со други зборови, проблемот на Калифорнија не е кој ќе се запише на престижните правните студии во Беркли туку колкумина нема да завршат средно, или пак ќе го завршаат недоволно подготвени ниту за работа ниту за понатамошно образование.