Раните од огнено оружеје знаат да бидат длабоки повеќе од 10 сантиметри. Третманот на сопирање на крварењето е брутален; врз раната газа, па силно притискање па ако не сопре за три минути, сè одново. И покрај брзата интервенција, губитокот на крв е главна причина за умирање на бојните полиња.
Откако се пензионирал во 2012-та година по службувањето во Афганистан, лекарот за специјални мисии Џон Стајнбо се придружил на група воени ветерани, научници и инжинери и нивниот старт-ап проект кој се занимавал со поефикасно запирање на крварењето.
Решението е џепно пакување во облик на пластичен шприц, полно со сунгерчиња за полнење рани.
Прво се обидувале со пена, по примерот на оној материјал за поправање дупнати гуми. Не успеале бидејќи крвниот притисок ја испирал сета пена.
Па дошле до идејата за сунгерчиња, мали, брзо впивачки. Изготвиле прототип, војската тоа го видела и им дала 5 милиони долари да го завршат проектот. Во финална верзија, сунгерчињата се изработени од преработка на дрво, обложени со со некоја материја која ја има оклопот на ракчињата и се обележани со маркери, за да може на рентген да се види да не останало некое во телото.
Го запирале крварењето за само 15 секунди.