Во 1939-та по неколку битки со Јапонците на далечниот исток, на Советите им станува јасно дека во случај Германија да прекрши пактот за не напаѓање, советската армија не би имала шанса да се справи со двата фронта.
НКВД, претходникот на КГБ, знае дека евентуална војна со САД би ја откажало Јапонија од нејзините амбиции во Монголија и Сибир, што ќе и дозволи на советската армија целата своја сила да ја "посвети" на војната со Нацистите.
Тука во игра влегува Хари Декстер Вајт, близок човек Рузвелт кој од 1936-та соработува со Советите и им предава информации за Јапонија и Кина. Стравувајќи дека ќе биде откриен тој привремено ја прекинува соработката.
Во 1941-ва, додека пактот меѓу Хитлер и Сталин е пред распад, агентот на НКВД, Витали Павлов, успева да го реактивира Вајт, со мисија - провоцирање на војна меѓу САД и Јапонија.
Преку врските и влијанието што го има во администрацијата, Вајт успева да ја промени политиката на САД кон Јапонија во насока на војна.
Кога Рузвелт се согласува да го олесни ембаргото за нафта кон Јапонија во замена за нејзино постепено повлекување од Кина, Вајт ја ескалира работата (дека на тој начин САД и попушта на Јапонија, дека со тоа САД ја продава Кина на нејзините непријатели, дека САД потклекнува пред фашизмот). По ова САД го менуваат својот став и бараат итно повлекување на Јапонија од Кина, напуштање на Манџурија и продажба на три четвртини од военото производство на САД.
Сметајќи ги барањата за голема навреда и закана, јапонската влада заклучува дека војната со САД е неизбежна. Тука го започнуваат својот план за напад на Пацифичката флота во Перл Харбор.
САД влегуваат во војната и Сталин може да се посвети на европскиот фронт.
Подоцна Вајт е предаден од соработници на Советите кои решаваат да пребегнат од страната на Американците. Тој умира во 1948-ма, најверојатно од самоубиство 3 дена по неговото сведочење во Конгресот.
Во своите мемоари, Витали Павлов, го прогласува Вајт за човекот кој го спасил Советскиот сојуз.