Како Њујорк стигна до 14,5 долари за кутија цигари

Главна занимација на пушачите од Њујорк стана патување во соседните сојузни држави за да купат поевтини цигари. Во исто време ова е главна занимација и на локалните криминалци.

Кутија Малборо во САД во просек е 7 долари, со тоа што на пример во Кентаки е 5 долари, додека во Њујорк е стигната до 14,5 долари.

Не е дека едните ги носат цигарите од Мексико, а на другиве им се оригинал американски, туку главната разлика е во даноците за пушење што секоја сојузна држава одделно ги воведува.

Па така, додека во Кентаки данокот за кутија цигари изнесува 0,60 долари, во Њујорк за истата количина цигари треба да се плати данок од рекордни 4,35 долари.

Убедливо најнизок данок на цигари има Мисури - 0,17 центи.

 

5 февруари 2014 - 17:32