Во прашање е манекенката од Јужна Африка, Дени Паркинсон која случајно со својот дечко, фотографот Стефан Гатроне, се наоѓа на истата плажа на која Брансон сурфал.
Додека Брансон се подготвувал, Гатроне го прашал дали би можел да ги фотографира двајцата додека сурфаат, таа да биде обесена на него и тоа гола.
"Јас сум англиски витез... и ова е дама во неволја, па со задоволство се согласувам," објаснува Брансон.
Кога излегол од вода, Брансон требал истото ова да и го објасни на својата сопруга, која го чекала на плажата.