Германска болка: Осаменост

Еден од петмина Германци живеат сами. Нивниот број е речиси двојно поголем меѓу возрасните. Само неколку држави на Северот на Европа имаат поголема пропорција на самци од Германија. На другиот крај од оваа ЕУ приказна е Словачка.

Пропорционално, во Германија живеат сами  значително повеќе луѓе отколку во повеќето други земји во Европската унија. Во 2023 година, процентот на луѓе кои живеат сами во оваа земја изнесувал  20,3 отсто - значително над просекот на ЕУ од 16,1%.

Само во Финска (25,8 отсто), Литванија (24,6 отсто), Шведска (24,1 отсто), Данска (23,5 отсто) и Естонија (21,5 отсто) поголем дел од луѓето живееле во домаќинства со едно лице во споредба со остатокот од ЕУ. Најмалку самци има во Словачка (3,8 проценти), Кипар (8,0 проценти) и Ирска (8,3 проценти).

Постарите луѓе имаат речиси двојно поголема веројатност да живеат сами од просечната популација. Во 2023 година, 31,6 отсто од луѓето на возраст од 65 и повеќе години во ЕУ живееле во домаќинства со едно лице. Во Германија, процентот во оваа возрасна група е 34,6 отсто, малку над просекот на ЕУ.

Сојузната министерка за семејни прашања Лиза Паус (од Зелените) на крајот на мај го претстави првиот таканаречен барометар за осаменост кој покажува дека постарите лица најмногу страдаат од осаменост, но дека во првата година од пандемијата на корона, за првпат повеќе биле погодени младите, пренесува Шпигел.

 

2 јули 2024 - 13:08