Европа дига глас против Елон Маск

„Престанете да му попуштате на Елон Маск, не може тој човек да носи правила кои само нему му одговараат!“ грмнал новиот шеф на Европската вселенска агeнција. Небото над нас толку се начичкува со сателити што неекои астрономи стравуваат дека веќе нема да можеме да ја истражуваме вселената од Земјата.  

Новиот шеф на Европската вселенска агенција (ЕСА), ги предупредил европските лидери да престанат да му дозволуваат на Елон Маск да ја реализира својата амбиција да доминира во новата вселенска економија. Според Јозеф Ашбахер, некоординацијата меѓу европските земји му остава простор на американскиот милијардер да создава правила за себе.

„Треба да имаме порестриктивни фреквенции и орбитални слотови во вселената“, смета тој.

Маск веќе доби одобрение за лансирање на 30.000 сателити во САД, а Германија неодамна поднесе барање до Меѓународната телекомуникациска унија да одобри околу 40.000 сателити на Маск Старлинк. Во исто време, Старлинк и британската влада создаваат констелација од илјадници сателити во ниска орбита за да обезбедат широкопојасен интернет на локации каде што е тешко да се каблира.

Таква констелација имаат намера да постават и Кинезите и Амазон. Се проценува дека до 2029 година може да има околу 100.000 комерцијални сателити во орбитата.

„Имате луѓе како Маск кои само лансираат соѕвездија и сателити, па дури и Тесли во орбитата. Треба да поставиме заеднички правила. Колонизацијата или целосно дерегулираниот простор е причина за загриженост“, смета Франц Фајоту, министер за економија на Луксембург.

Над нас има толку многу сателити што астрономите од Американското астрономско друштво се загрижени дека тоа наскоро ќе го попречи истражувањето на вселената од Земјата.

 

7 декември 2021 - 15:50