Џек Дорси го брани Илон Маск

Управувањето на Твитер од Илон Маск често се оценува како непредвидливо. Но, коосновачот на платформата, Џек Дорси, го разбира и го брани пристапот на својот наследник: потезите на Маск се неопходни за неговата цел да го направи Икс платформа за слободен говор. Таков модел не е можен ако постои огромна зависност од големите огласувачи, како што беше претходно.

Илон Маск направи две битни работи откако за 44 милијарди го купи Твитер: отпушти едно чудо луѓе и ноншалантно ги одјеба заканите на големите закупувачи на реклами со она фамозното „Go Fuck Yourself“, означувајќи ги како најголемите угнетувачи на слободниот говор во ова време.

Во интервју за Pirate Wires, Џек Дорси рече дека ја споделува целта на Маск да создаде интернет бастион за слобода на говорот и дека за таа цел, Твитер бил оптоварен од претходниот модел на приходи.

Имено, главен извор на приход на претходниот Твитер беше бренд рекламирањето. Дорси вели дека е тоа „суштински, критичен грев“ што ја изложи платформата на каприците на корпорациите кои  финансираат.

„Кога сте целосно зависни од тоа, ако на брендови како P&G или Унилевер не им се допаѓа нешто на платформата па се закануваат дека ќе го повлечат буџетот, а тој изнесува околу 20% од вашите приходи, немате избор“, објаснува Дорси.

Тој вели дека Маск го направил единствениот вистински избор за да се држи до својата визија за нецензуриран „дигитален плоштад“: да ја намали зависноста од огласувачите. Но, за да опстане новиот модел треба да се гради нешто повеќе од рекламирањето: претплати, трговија, премиум сервиси....

И масовните отпуштања беа во насока на расчистување со стариот модел бидејќи повеќето отпуштени беа во одделите за продажба или модерирање на содржините.

Инаку, Џек Дорси неодамна го напушти Блускај во која беше основач оценувајќи дека се претвора во нов Твитер (оној стариот). Им препорача на корисниците да го користат Икс и ги одследи сите кои ги следел, освен Маск, Сноуден и сопругата на Асанж.

 

 

12 мај 2024 - 17:36