Дали старите Египќани биле белци или црнци?

Ако ги гледате старите холивудски филмови (на пример Клеопатра со Елизабет Тејлор), ќе верувате дека луѓето од антички Егтипе биле бели. Ако го гледате оној спот на Мајкл Џексон со Иман, Еди Марфи и Меџик Џонсон, тогаш ќе мислите обратно. Науката верува дека има конечно решение на дилемата.

Оваа кавга трае едно 50 години и тоа не само меѓу Египтолозите бидејќи темата лесно добива расна подлога. Некои тврдат дека славната египетска империја има суб-сахарско потекло, други тврдат дека тоа не е можно бидејќи историјата не забележува ниту една африканска империја (што не е точно) а некои се трудеа дури и да го докажат нордиското потекло на Тутанкамон.

Од научна гледна точка, прашањето не можеше да се реши поради проблеми со ДНК анализите на сочуваните мумии. Топлата египетска клима, влажноста во гробниците и хемикалиите употребени за мумифицирање на телата ја деградира ДНК-та и ги прави резултатите од анализите недоверливи. Но, група научници од институтот Макс Планк користејќи уникатни методи за стерилизација успеале да извршат ДНК секвенционирање.

И покрај тоа што стариот Египет бил освојуван од многу страни (изворот посебно го наведува Александар Македонски а посебно Грците, што ни прави ќеиф, не затоа што веруваме дека сме ние негови туку дека тој не е ни нивен), па сепак тоа не оставило големи траги бидејќи постои генетски континуитет во период од цели 1.300 години.

Главниот заклучок е дека луѓето од антички Египет се генетски најблиски со луѓето од Блискиот исток и со генетскиот материјал од Левантот (Турција, Сирија, Ирак, Израел, Јордан, Либан). Денешните Египќани делат 8% генетски идентитет со суб-сахарска Африка но тоа се промени од последните 1.500 години и се должат на зголемената трговија и општа фреквентност на врските со црниот континент.

А тоа на времето беше многу јак спот и во него единствен 'белец' беше Џексон:

 

 

14 август 2017 - 11:38