Од 90-тите години до сега над 800 дечиња во САД починале од топлотен удар бидејќи биле оставени во автомобилот од нивните родители. Поголемиот дел од ваквите случаи се ненамерно оставени деца, иако има и такви кои сами се качиле во колата или пак биле намерно оставени од родители идиоти.
И покрај јавната едукација на оваа тема, бројот на вакви случаи не се намалува. Во просек по 39 деца иако има години во кои и над 100 дечиња завршуваат фатално во прегреаните паркирани автомобили.
„Едукацијата е добра но не е комплетно решение. Ни треба технологијата“, вели еден од иницијаторите зад предлог законот со кој би се вовела задолжителна автомобилска опрема која би алармирала дека при излегување од кола, има уште некој на задното седиште.
Конгресменка од Илиноис која е ко-спонзор на законот вели дека не гледа причина зошто ако автомобилот веќе сугерира дека клучот ти останал во брава, тоа да не го прави и со дете кое ти останало во кола.
Па, затоа што ти е дете, а не клуч.