За првпат овој бизнис со Лос Анџелес се појави за време на пожарите пред неколку години, кога Ким Кардашијан и нејзиниот тогашен сопруг Кање Вест имаа најмено приватни пожарникари да им ги спаси богатите куќи.
И за овие пожари, на Икс и други мрежи се појавија луѓе кои се интересираа за ваквите служби и не прашуваа за пари, ама главно наидуваа на гневни реакции, во име на оние кои не можат тоа да си го дозволат.
Се разбира, многу богати сепак ги изгубија своите домови во ужасните пожари, но има тука и поширока слика. А тоа не се богатите поединци туку осигурителните компании кои најмуваат екстра противпожарна заштита, за оние локации кои многу би ги чинеле доколку би требало да ги обештетат.
Дајвид Торгенсен е извршен директор на една таква компанија која соработува со три осигурителни куќи чии луѓе обезбедуваат првенствено превентивна заштита околу скапо осигурените објекти и делови на градот. Чистат, метат, кастрат грмушки а кога ќе затреба, доаѓаат со цистерни.
Целиот концепт покренува низа етички прашања за нееднаквоста дури и во природните несреќи, на пример, во случаи кога, како во ЛА, немаше доволно вода, дали таа прво им се дели на оние кои имаат да ги платат приватните пожарни цистерни?