Академијата е финансирана од British Council, а се имплементира од БД Група ДООЕЛ Скопје (BDG Agency) и Sharper од Обединетото Кралство, водечки компании од маркетинг и креативната индустрија со долгогодишно искуство и работа со домашни и меѓународни брендови.
Програмата предвидува повеќемесечна обука која комбинира теориска едукација и практична работа, со менторство од професионалци од Македонија и Велика Британија.
Обуката ќе ги опфати следните области:
- графички дизајн
- видео продукција
- креативна стратегија
- акаунт менаџмент
Целта на академијата е младите да се запознаат со реалните процеси во креативната индустрија и да стекнат применливо знаење преку работа на конкретни задачи и симулации.
Најуспешните учесници ќе добијат можност да бидат вклучени во работа на реални проекти за големи брендови на македонскиот и британскиот пазар.
Академијата не претставува формално вработување, но претставува значајна можност за практично искуство, професионален развој и потенцијална понатамошна соработка.
Повикот за пријавување е отворен до 13 јануари 2026 година.
За аплицирање, заинтересираните кандидати треба да испратат кратко CV на hello@bdg-agency.com, со назнака во subject: Creative Youth Academy – Име и презиме.
(Комерцијален текст)