99% од Американците живеат во близина на мексикански ресторан

Мексиканците се демографски најпотентната група во САД и се очекува следната деценија да ги претекнат црнците. Што заради зголемената миграција, што заради мексиканските шефови како Енрике Олвера, Аарон Санчез, Сандовал и други кои ја популаризираа мексиканската кујна, да прашаш во Америка за мексикански ресторан е како кај нас да прашаш дали во близина има кладилница. 

Околу 99% од сите Американци живеат во близина на најмалку еден мексикански ресторан, покажа анализа на истражувачкиот центар Пју.

Некогаш тие беа главно распространети само на југозападот и делови од средниот запад но во последните 30 години се одвиваше зголемена миграција од Мексико што повлече раст на нивното влијание врз американската култура.

Околу 37,2 милиони луѓе во САД имаат потекло од Мексико, што ги прави мексиканските Американци убедливо најголемата група со хиспано потекло во државата.

Тие претставуваат 11% од вкупното американско население и се очекува следната деценија да ги тицнат црнците кои сега се 12,5%.

Во 85% од сите американски окрузи има барем еден мексикански ресторан а најмногу ги има во сојузните држави кои граничат со Мексико. Тие се 22% од сите ресторани во Ново Мексико, 20% во Тексас, 18% во Аризона и 17% во Калифорнија.

Само во Калифорнија, во округот Лос Анџелес има над 5.400 мексикански ресторани, или 30% од вкупниот број во државата.

Ако се оди по угостителски жанрови: 22% од мексиканските ресторани се за брза храна, 12% специјализирани за тако, 8% се камиони или колички за храна, а 6% нудат текс-мекс кујна.

15% од окрузите во кој нема ниту еден мексикански ресторан имаат само 4 милиони луѓе што е 1% од вкупното население на САД.

12 јануари 2024 - 12:10