100 километри ѕид за 1 милијарда долари

Белата куќа планира дека 1 милијарда долари ќе покријат изградба на 100 километри од ѕидот кон Мексико. Пресметките од одделот за Домашна безбедност покажуваат дека милијардата е доволна само за 77 километри. Она околу што сите се сложуваат е дека меѓу САД и Мексико има 3218 километри граница.

Според документите оваа милијарда побарана од Белата куќа ќе биде употребена за 22,5 километри нов ѕид и обнова на уште 22,5 километри од постојната ограда во близина на Сан Диего, 45 километри бариера и 10 километри нов ѕид во долината на Рио Гранде.

Освен овие милијарда долари што Белата куќа ги побара како свој дополнителен буџет за 2017, за 2018 тие побараа уше 2,6 милијарди долари за гранична инфраструктура и технологија.

Во времето на кампањата, процените за изградбата на целиот ѕид на јужната американска граница без меѓу 12 и 20 милијарди долари.

Сиенен се распрашал меѓу луѓе што се разбираат во градење ѕидови колку ова стварно ќе чини и како да се направи. Доаѓаат до следните бројки:

- ѕидот по цела должина ќе треба да има темели длабоки 1,5 метри
- ќе треба да биде направен од блокови цемент
- еден блок ќе биде висок 6 метри, широк 3 метри и дебел 20 сантиметри
- за сите 3.218 километри ѕид ќе бидат потребни 9,6 милиони кубни метри цемент
- блоковите ќе бидат поврзани со железни панели

 

28 март 2017 - 15:19