Во 2022 треба повторно да ја откриеме слободата

Иако вакцините вршат работа а паника нема ни во болниците, фановите на карантини и рестрикции пак не се задоволни. Овие луѓе не сакаат да „научиме да живееме со вирусот“, тие сакаат да научиме да живееме со рестрикциите. Во 2022 година треба да повлечеме линија.

Омикрон варијантата им пркоси на прогнозите дека таа ни носи апокалипса. Одбраната со вакцини врши работа а во арсеналот оружја се додаваат и антивирални средства. Болниците се под притисок, но од таму не бараат нови ограничувања. Луѓето се осмелуваат да се запрашаат дали можеби доаѓа крајот на мизеријата на ковид ерата. Дека можеби ќе можеме да правиме планови неколку недели или месеци однапред.

Во меѓувреме, оние кои видливо копнеат по локдаун стануваат сè полуди. Карантин фанатиците од Твитер сега бараат да ги ребрендираме „ковид рестрикциите“ во “ковид заштита“.

Друга омилена точка за разговор во моментот им е дека Англија „не прави ништо“ за да се справи со ковид заканите, како над 100 милиони дадени дози вакцини да се ништо.

Овие луѓе не сакаат да „научиме да живееме со вирусот“, тие сакаат да научиме да живееме со рестрикциите. Пардон, „заштитата.“

Слободното општество едноставно не може да коегзистира со оваа фетишизирана ковид безбедност. Ако ги оставите овие лудаци да ги водат работите, принципот на претпазливост ќе владее засекогаш, а слободата каква што ја знаеме суштински ќе престане да постои.

Она што ни беше продадено како итни мерки, потребни во време на екстремна опасност, ќе стане секојдневен и ефикасен инструмент. Вашето право да правите како што сакате ќе стане придобивка што може да се укине во секој момент.

Како што ја започнуваме новата година, треба да повлечеме линија. Рестрикциите треба да станат препораки, пасошите за вакцини мора да исчезнат, животот повеќе не смее да се нарушува со моментални одлуки, задолжителната вакцинација мора да биде осудена. Време е повторно да ги контролираме сопствените животи, повторно да гледаме кон иднината, да ни се верува дека можеме да носиме сопствени одлуки. Треба да почнеме да живееме слободно и да го спречиме ковид да ни колонизира апсолутно сè.

Не се работи само за отфрлање на рестрикциите. Правата на хартија значат малку ако луѓето се плашат да ги остварат - и ако се плашиме еден од друг. Анкетите постојано покажуваат дека луѓето веруваат дека се однесуваат одговорно, но не веруваат дека и другите се такви. Илјадници луѓе со ентузијазам ги кодошеа своите соседи сомневајќи ги дека ги кршат ковид правилата.

Карантините се потпираат на сето тоа. Кога не си веруваме еден на друг дека ја правиме вистинската работа, силата на државата станува сè поатрактивна опција. И колку повеќе го аутсорсираме нашето одлучување кај државата, толку понесигурни сме во сопствените проценки.

Значи, да направиме 2022 година да е година во која повторно ќе ја откриеме нашата вера во слободата - и еден во друг. Само тогаш можеме вистински да ја свртиме страницата на пандемијата и да се погрижиме Новата година да го означи крајот на новото нормално.

Том Слејтер

3 јануари 2022 - 18:14