Варуфакис: Нова интернационала

Вистинското прашање е: што да се прави? Тактички сојуз со глобалистичкиот естаблишмент не доаѓа предвид. Тие сакаат да веруваме во бескраен лифт кој ќе не однесе до врвовите на потрошувачките задоволства, но таков лифт не постои.

Нашата епоха ќе остане запамтена оид триумфалниот поход на глобално обединетата десница - националистичката интернационала - која ја произведе финансискиот капитализам. Дали ќе се памти и по хуманистичко спротивставување на таа опасност зависи од подготвеноста на прогресивните сили во САД, Европска Унија и Британија, како и во земји како Мексико, Индија и Јужна Африка. да изградат прогресина интернационала.

За таа задача пред нас се историски преседани. Во меѓувоениот период фашистите не дојдоа на власта ветувајќи насилство, војни и концентрациони логори. Ја освоија власта обраќајќи им се на пристојни луѓе кои по длабоката криза на капитализмот предолго беа третирани како стока на која цената ѝ паднала на пазарот. Наместо да ги ретираат како „луѓе достојни за презир“, фашистите ги погледнаа во очи и им ветија враќање нас достоинството, им понудија пријателство и и деали и им овозможија да севидат како нешто повеќе од обични потрошувачи.

Со таа доза на ново самопочитување им беа сервирани и предупредувања за притаените „странци“ кои ја загрозуваат новата надеж. Во прв план ојде политиката „тие против нас“, лишена од секакви класни обележја и дефинирана исклучиво преку идентитети. Стравот од губењето на статусот наскоро прерасна во толерирање на кршењето на човековите права, на почетокот само на правата на сомнителните „други“ а потоа  на сите кои мислат поинаку. За брзо време, кога под притисокот на економската криза попушти контролата врз естаблишментот, припадниците на прогресивните права завршија на маргините или в затвор. 

Зарем тоа не е истиот метод со кој Доналд Трамп прво ја зазема Белата куќа а сега победува во војната со зборови против естаблишментот на Демократската партија? Зарем тоа не потсетува на конзервативните гласачи за Брегзит кои одеднаш се сетија на националната здравствена слкужба на која со децении ѝ се намалуваше буџетот или на нивното жестоко залагање за демократија која тачеризмот одамна ја потчини на логиката на пазарните сили? Зарем тоа не е начинот на работа на десничарските влади во Австрија, Унгарија, Полска, нацистите од грчката Златна зора, и што е најтрагично, на Матео Салвини, моќникот кој управува со новата италијанска влада. Каде и да погледнеме, препознавање знаци на подем на амбициозната националистичка интернационала каков немаме видено од 30-тите години на минатиот век. Што се однесува до естаблишментот, тој изгледа цврсто решил да ги повтори сите грешки на Вајмарската република.

Но, доста за дијагнозата. Вистинското прашање е: што да се прави? Тактички сојуз со глобалистичкиот естаблишмент не доаѓа предвид. Тони Блер, Хилари Клинтон и социјалдемократските естаблишменти во континентална Европа премногу се компромитирани со финансиски врски со погубниот финансиски капитализам и неговата идеологија. Со децении се потпираа на популизмот на слободниот пазар, на лажното ветување дека на сите ќе им биде подобро ако прифатиме комодификација на сè. Тие сакаат да веруваме во бескраен лифт кој ќе не однесе до врвовите на потрошувачките задоволства, но тој не постои.

За нашата генерација, 1929 година се случи во 2008-ма, кога се срушија сите наши илузии. Естаблишментот продолжи по старо како да е можно да се поправат работите со штедење за мнозинството, социјализам за одбраните а авторитаризам за сите. Во последните 10 години националистичката интернационала напредува кон победа благодарејќи на растечкото незадоволство на граѓаните. За да ѝ се спротивстават на таа сила, претставниците на прогресивните сили треба многу прецизно да ги опишат причините и природата на немирите и незадоволството во општеството: интензивната класна на глобалната олигархија против растечкиот прекаријат, остатоците од западниот пролетаријат и сите останати немоќни и понижени граѓани.

Потоа треба да се покаже дека единствениот начин за враќање на контролата врз нашите животи, заедници, градови и држави е координација на заедничката борба долж целата оска на меѓународниот њу дил. Не смееме да му дозволиме на глобалниот финансиски капитализам да ги разединува нашите општества. Затоа треба да се објасни дека ниедна земја не е остров. Како и климатските промени, и борбата против сиромаштијата, приватниот долг и разбојничките банки бараат делување и на локално и на меѓународно ниво. За да покажеме дека воведувањето тарифи од кои најмногу се богатат локалните олигарси не се најдобриот начин да се заштитат работниците, треба да се бориме за трговски договори со кои владите на најсиромашите земји треба да гарантираат минимални надници своите работници и работни места на локално ниво. Тоа би водело кон закрепнување на заедницата, и во сиромашните и во богатите земји.   

Уште поамбициозно, нашата прогресивна интернационала треба да предложи основање на меѓународна монетарна клириншка унија каква што Кејнс предлагање во 1944 година, вклучувајќи и добро смислени прописи за ограничување на движењето на капиталот. Со урамнотежување на надниците, трговијата и финансиите на глобално ниво би се намалила несаканата миграција и н невработеноста и би се ставил крај на моралната паника.

Ама кој ќе ја изгради толку потребната прогресивна интернационала? За среќа, имаме неколку потенцијални иницијатори: „политичката револуција“ на Берни Сандерс во САД, Лабуристите на Џереми Корбејн, нашето движење за Демократија во Европа (ДиЕМ 25), избраниот претседател на Мексико, прогресивните сили во африканскиот национален конгрес, различните движења против лицемерието и мерките за штедење во Индија.

Да почнеме уште денес. Кога наместо омраза и бес би понудиле рационална надеж, многумина ќе ни се придружат.  

Јанис Варуфакис

*****

Види и

Варуфакис за ЕУ: Лицемери со кои не вреди да се преговара

Како функционира Еврогрупата

19 септември 2018 - 08:49