Нема сомнеж дека инвеститорите денес треба да бидат загрижени - многу загрижени - за политичките ризици, вклучувајќи го и капацитетот на политичарите и бирократите да предизвикаат невидена штета на економијата. Ама исто така треба да внимаваат и на аналитичарите кои се или неспособни, или незаинтересирани во, разликување меѓу условеност и взаемна врска, и меѓу несолвентност и неликвидност. Со други зборови, тие мора да внимаваат на аналитичари како Шмидинг.
Бизнис довербата во Грција навистина нагло пропадна во првите неколку месеци откако станав министер за финансии. И потоа навистина скокна неколку месеци по мојата оставка. Меѓутоа дали е ова условеност?
Разгледајте го следниот пример. Бизнис довербата паѓа во септември 2001-ва (по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон Д.Ц.), додека Пол О'Нил е прв човек на американското министерство за финансии. Дали Шмидинг би го крстил дијаграмот со овој пад "О'Нил ефект"? Секако дека не: падот во бизнис довербата нема никаква врска со О'Нил и е комплетно поврзан со стравовите околу глобалната безбедност. Корелацијата со мандатот на О'Нил е нерелевантна.
Слично, и во случајот со Грција, колапсот се случува за време на мојот мандат. Меѓутоа причината е што нашите кредитори, т.нр Тројка, стави јасно на знаење дека тие ќе го затворат нашиот банкарски систем со цел да ја присилат владата да го прифати новиот кредит од нив.
Пред да бидат објавени овие закани, бизнис довербата во Грција бележеше раст. Всушност, дента откако го претставив мојот фискален предлог и реформи пред инвестициската заедница во лондонскиот Сити, акциите имаа импресивен раст.
Па, што е она што го предизвика огромниот пад на бизнис довербата за време на мојот мандат? Дали моите препораки - кои беа изработени заедно со Џеф Сакс - беа одговорни за ова? Или во прашање беше експлицитната закана на Тројката за затворање на банките? Со други зборови, дали беше 'Варуфакис ефект' или 'Тројка ефект'?
За да одговориме на ова прашање на начин кој би им бил од помош на инвеститорите, аналитичарите мора да се обидат барем да утврдат дали посочената поврзаност насочува кон условеност. Тука би помогнало и да се прочитаат нашите предлози и тие да се споредат со програмата на Тројката. За жал, ова бара труд кој некои аналитичари не се подготвени да го вложат.
Релевантното прашање е дали сме биле во право што сме и се спротивставиле на Тројката - што беше главен столб на изборната платформа од јануари 2015 - или требаше да ја прифатиме "грчката програма" на нашите кредитори. Мојот став е дека ние немавме никаква алтернатива освен да го одбиеме планот на Тројката.
Причината е едноставна: грчката држава на почетокот од 2010 стана несолвентна. Од мај 2010, оваа несолвентност беше решавана преку низа заеми по услови кои го гарантираа намалувањето на националниот приход, инвестиции, и кредит. Несолвентноста само стануваше полоша со постојаното преправање дека станува збор само за проблем со ликвидноста.
Дали грчката економија беше подобра кон крајот на 2014? Секако дека не. Номиналниот БДП никогаш не престана да се намалува, приватниот и јавниот долг продолжи да станува се помалку и помалку одржлив, а за сето време инвестициите и кредитирањето останаа коматозни. Без преструктуирање на долгот, што не е висока цел за примарниот буџетски суфицит, со "лоша банка" која треба да се справи со лошите заеми, и сеопфатна реформа која ќе се справи и со најлошите случаи, Грција се осудена на постојана депресија.
Последователно, Тројката беше во политички мотивирано порекнување и длабоко незаинтересирана за нашите предлози. Пак и пак, тие едноставно бараа капитулација.
Да нема забуни, и ние можевме овој судир подобро да го менаџираме. Меѓутоа еден аналитичар да ја обвини жртвата на вакво финансиско насилство, не само што морално заслужува прекор, туку им прави и лоша услуга на своите клиенти (кои, на пример, може западнат во заблуда дека Грција сега е закрепната откако Варуфакис беше избркан).
Цела среќа, има и педантни аналитичари, како Мухамед Ел-Ериан, кон кој разумните инвеститори може да се свртат. И нивната оценка е јасна: падот на Грција во 2015 се должи на Тројка ефектот.
Да, политичкиот ризик во Европа е јасен и присутен. Меѓутоа тој потекнува од неволноста на Тројката да се реформира себеси и повторно да ги разгледа своите неуспешни политики.