Ја следам ситуацијата во Украина од 2014 година, со Роберт Пари кој ме води низ неа како даскал. Го следев палењето во Одеса, беззаконските прогони и убиства на новинари, градоначалници, политичари и граѓани. Ја следев забраната на главната опозициска партија, која на анкети стоеше подобро од владата на Зеленски.
Шокиран сум од чистата омраза кон руско-украинското малцинство. Тоа е долга и тажна приказна која произлегува од државниот удар во 2014 година, копродуциран од САД, кој ѝ ја одзеде неутралноста на Украина и ја направи бучно антируска; за осум години оттогаш, во Украина се убиени околу 14.000 невини луѓе, ништо од тоа не беше сериозно покриено од нашите медиуми.
Изминативе недели со растечки страв гледав како од нигде никаде повторно се појави Викторија Нуланд предупредувајќи ги Русите и нас - нејзината целна публика - дека ако Русите употребат нуклеарен уред од каков било вид, пеколно ќе платат. Наредните денови ова брзо беше усвоено од бројни функционери на администрацијата и ТВ канали кои ја засилуваа истата идеја - Русија оди на нуклеарка. Сето ова поради потврдувањето на Путин а руската нуклеарна политика, која, патем, не е толку агресивна како нашата нуклеарна позиција. Ова ме натера да се запрашам, зошто ова се повторува одново и одново?
Како резултат на тоа, се прашувам дали САД подготвуваат сцена за нуклеарна експлозија со мал капацитет, од непознато потекло, некаде во регионот на Донбас, во која ќе загинат илјадници Украинци? Се разбира, ако тоа се случи, не дај Боже, сите очи на светот ќе бидат обучени - како куче на Павлов - да ја обвинуваат Русија. Таа вина е веќе однапред поставена, без разлика кој лансирал.
Употребата на вакво нешто сигурно ќе влијае на преостанатите 50% од светското мислење, кое не е во западниот табор. Русија би била Сатаната, Белзебуб. Имајте на ум, тешко е да се знае од каде е испукан нуклеарен уред, особено во брзо променливи ситуации како оваа војна, во која се чини дека Русија може да биде обвинета за какво било однесување, без разлика колку е тоа глупаво.
Веројатно ќе бидат потребни неколку дена за да се дознае вистината, но, вистината не е важна. Важна е перцепцијата, а САД водат војна за перцепција со голема вештина и брутална сила, заситувајќи го етерот на CNN/Fox и нашите сателитски држави во Европа и Азија како што никогаш досега не сум видел.
Правејќи го ова, ќе бидеме чекор поблиску до она на што се надеваме - уште еден Елцин, кој може за нашата земја уште еднаш да создаде огромни идеолошки и бизнис можности. Уште поважно за зделката е да се изолира Кина од Русија. Се разбира, Кина би била следната цел доколку Русија падне. Ова, верувам, е сценариото од соништата на неоконзервативните анархисти во нашата влада да го направат она што тие го сметаат за подобар „свет заснован на правила“.