Теофил Панчиќ:

Може едното, може другото, само не можат двете!

Од почетокот на пандемијата е исто: затворај сè, веднаш и занавек, неодговорен и бахат идиоте! А потоа, минута подоцна: А како и од што мислиш ние да живееме ако нè испозатвориш, деспоте и тиранину?

Дали е „Вучиќ“ сосе екипата, докторска и недокторска, злосторник кога воведува локдаун и го кине и онака исцеденото општество или напротив, злосторник е кога локдаун не воведува, па „ќе поцркамо сви од вирус“?

Може да биде првото, може да биде второто, ама, се извинуваме, не може да бидат дветее! Решете се, brothers & sisters! Изберете страна! Поточно, разберете се во стварноста барем толку колку да не си скокате самите себе во уста на дневна база....

Од каде доаѓа оваа шизофреност?

Од кобното нераздвојување на поимите. Требаше „Вучиќ“ и „короната“ да се раздвојат од самиот почеток. Сериозни и фундаментални причини да се биде против режимот на Вучиќ постојат уште од самиот негов почеток и се многу постари и подлабоки од појавата на таму некој вирус, па макар бил тоа и вирус кој на глава го преврти светов.

Тоа е едната приказна. А самата епидемија треба да се мери и за неа да се суди независно од политичките симпатии, но затоа многу зависно од тоа како ја гледате самата таа работа сред чие дивеењее живееме и која многу човечки верувања и мислења стави на проба, а многу карактери и принципи на искушение. Бидејќи тие се друга приказна. 

Затоа мене, да ми извините, баш ми е гајле што околу пандемијата прави „Вучиќ“ па да трчам во секоја прилика да ја заземам спротивната страна.

Не, мојот коронски „непријател“ е идеологијата и праксата на локдаунот (што е пак, глобално чудовиште), кај-год Вучиќ да се приклонува кон тоа, има да урлам против него, кај-год да не прибегнува кон тоа, ќе сметам дека паметно прави, макар го правел тоа од причини и мотиви кои не ми се ни блиски ни драги.

А секој кој е за заклучување на оваа земја, на нејзините луѓе и градови, а сето тоа во име на погубната локдаун- фантазмагорија на (анти)утописката епидемилошка „чистота“, ќе го сметам за опасен штетник, па и илјада пати нека биде „против Вучиќ“.

Теофил Панчиќ,
во колумната „Правда за фризерката

24 март 2021 - 11:56