Поканата за оргија ми стигна во инбокс, испратена директно на gmail; кој и да стоеше зад организацијата ме знаел лично. Насловот беше болдиран „Овој Св. Валентин...", а пораката завршуваше со „придружи ни се на патувањето долж зајачката дупка (или која и дупка сакаш)". И ставив ѕвездичка на пораката, за малку да се одмори, и ја поставив на врвот на моето приоритетно сандаче. Потоа му ја раскажав приказната на мојот уредник.
Вечерта на 14. февруари си ја измив косата со шампон од лаванда, си ги исеков ноктите на нозете и ги излакирав булка црвено, ги избричив нозете и усните на вагината, цупкајќи на една нога во мојата мала када, одбрав свилена долна облека а потоа внимателно, за да не ги скинам, си ставив црни тесни чорапи со подвезици, врзувајќи ги на појас од 75 долари, што го имав купено кога бев бруцош.
Потоа преку глава префрлив фустан и заминав на означената адреса, која ми беше испратена во втора порака и вклучуваше и телефонски број. Студениот зимски ветар ми го креваше фустанот и ми се движеше помеѓу нозе.
***
Мајмуните бонобо се познати по тоа што се поздравуваат едни со други со орален секс, па оттаму и насловот на книгата, „Ракувањето на бонобо", каде „ракување" е всушност лижење. Ова е всушност многу подобро од човечкото поздравување со орално вртење кругови. Поп-еволутивната психолошка книга „Секс во мугри" од 2010 ја разбранува јавноста заради споредбата на човечката и сексуалноста на бонобо - еден од нејзините главни аргументи е дека моногамијата е против човечката природа. Па птиците го прават тоа. Пчелите го прават. Дури и дрјвата го прават. Значи, си за една партија? Поентата е: нашите сексуални инхибиции се општествени конструкции, и најдобро е ако правиме исто како и споменатите мајмуни.
Секс журката се одржуваше во стан, домаќинот - облечен во роба која беше лабаво врзана околу појасот и откриваше долга влакнеста нога - нè прими во затемнетата дневна, осветлена само со свеќи и подна лампа ставена на минимум. Ако се прашувате, се ракувавме како луѓе, не како бонобо.
Станот мирисаше на ароматични стапчиња, со чад кој се креваше во вид на бели столбови од купчиња кои гореа низ целата соба. Помислив дека е добра идеја тоа што обезбедиле нешто кое ќе ни помогне да заборавиме како ни мирисаат телата додека работат. Имаше вино и благо, мали бонбони во форма на срце помешани со чоколади и карамели од кутија. Исто како и бонбоните, низ станот беа поставени кондоми и лубриканти. Си сипав чаша вино, го испив веројатно побргу отколку што требаше, и си ставив уште едно.
Веројатно познавав 10-20 проценти од луѓето во собата. Бидејќи се уште сме воспитани да мислиме за сексот како за нешто срамно и приватно, се ѕенѕавме со чашите вино, правејќи празни муабети. Стоевме наоколу премногу долго, целосно облечени, муабетејќи претставувајќи се, станувајќи нервозни. Од време на време некој ќе погалеше некого, по рамото или по грбот, со мазно, долго движење. Подоцна во ноќта ова почна да значи - ќе правиме? - но засега беше само потсетник за она за што сите бевме дојдени.
Потоа, затоа што секогаш сум првата која прави вакви работи, го соблеков фустанот, префрлувајќи го преку глава. Како синџиреста реакција, наоколу почнаа да паѓаат кошули и фармерки, а просторијата почна да се затоплува. Двајца кои дојдоа како пар почнаа да се бакнуваат. Една девојка во блескава долна облека го напиша „безбедниот" збор на вечерта - какао (асоцијација од сатиричната серија Портландија) - на парче хартија во форма на срце кое стоеше во кутијата чоколади, и го закачи на ѕидот.
***
Групниот секс поттикнува хипнотизирачка состојба на допирање, каде свеста ти се движи како низ тунел, во ѕвездена маглина од раце и усти, а речникот ти се сведува, заради нужност, во да, не, те молам, запри и посилно. По мојата пета чаша вино одличив дека сакам да си легнам а луѓето нежно да ме допираат, како да сум Марина Абрановиќ изведувајќи го Ритам 0, нецензурирана верзија. Лежев на простирка послана специјално за настанот, и си ги ставив рацете над глава.
Некаде над неа луѓето се бакнуваа. Една девојка побара да ги соблечам гаќите, кои подоцна ги загубив и си се вратив дома без нив.
Пролетта 2012 една моја познаничка се подготвуваше за перформанс во кој таа ги возвраќаше сите гестови кои ѝ беа упатувани. Ако некој учесник си ја соблечеше блузата, и таа го правеше истото. Ако некој ја бакнеше таа ќе го бакнеше исто така. „А што ако некој пенетрира во мене?", се праша таа гласно. „Како јас да пенетрирам во него?". Не мислев дека има за што да се секира, но две години подоцна, можам да кажам дека има многу начини да се влезе во некого, и мислам дека таа ноќ ги видов повеќето од нив.
Колку луѓе можат да учествуваат во целосен коитус во двособен стан? Па како што излезе, прилично. Два пара на простирка, еден на тросед, стоечки и навален наместо лежечки; други два пара можат да се сместат во огромна ергономска лежалка која домаќинот ја крсти „Љубовна вреќа", онаква со мемориска пена. И сите овие само во дневната.
Како и океаните, оргиите се движат во бранови, а активноста надоаѓа и се повлекува. По точката Абрамовиќ телото ми беше како желе, исцрпено и уморно; се придвижив кон периферијата на просторијата, каде беа лоцирани неколкуте хетеросексуални мажи, сите во боксерици, кои го притискаа ѕидот како да сакаат да се лансираат вон орбитата. Ако пратите покана, колку и да е селективна, за да се дојде на некое место и да се спие со други луѓе, хетеросексуалните мажи ќе дојдат. Тука нема муабет. Но исто така немаше дилема дека забавата беше организирана од нехетеросексуалци и позитивно сексуално настроени луѓе како мене, кои се предаваа на бранот. Еден од стрејтерите ме праша, со пауза, дали може да ми ги гали колковите. Го погледнав неговото меко, засрамено лице, и реков не. Една работа која не ви ја кажуваат во врска со оргиите е дека можете, и треба да кажете не.
Тој беше збунет и вознемирен: како да се просветли. Стрејт мажите секогаш се изненадени кога не сакаш да спиеш со нив. Иако оргијата може да изгледа како „секој со секого", со сите тие екстремитети и сето тоа месо на купче, реално тоа е повеќе место на кое вообичаените стеги во врска со ебењето едноставно не важат. Заради целосното бришење на стандардните наративи на заведувањето, предлозите се искрени, разговорите се директни, и - а ова е каратеристично за оргиите - дури и минувањето на времето изгледа поинаку. Дали ми бутаа прсти неколку минути, или бескрајно долго? Па дури и да минала вечност, и да се случувал крај на времето и просторот и смрт на вселената, пак немаше да сакам да спијам со типот.
***
Како и да е, сретнав некого. Веројатно беше до лисиците: тој имаше донесено еден пар и му беше криво што немаше шанса да ги употреби, го сфатив тоа и му се придружив на другата страна од собата, каде ги ставив в рака и си играв со нивните светкави црни метални јазичиња. Си ставив една на зглобот, потоа другата. „Како ќе ги извадам?", прашав. Тој притисна некое копче и тие се ослободија, потоа ги врати назад. Металот ми ја ладеше кожата. Ми се доаѓаше како се нишаа помеѓу моите зглобови.
Бидејќи бевме на секс забава, имавме секс; да се сретневме на некоја друга забава веројатно ќе го минев времето правејќи сè за да бидам сигурна дека ќе спијам со него после забавата. Тоа го мислам кога зборувам за општествениот простор на оргијата, во кој се отстранети пречките за чинот: поефикасно е тоа да се стори на лице место. Како бонобо мајмуните, се ракувавме. Знаев како се вика, а тој знаеше како се викам. Знаев дека е висок дечко со кратка виткана плава коса. Тој знаеше дека сум мало девојче со долга темна коса. Стави кондом и се придвижи во мене. Лисиците почнаа да се удираат меѓусебе и да испуштаат тивки метални звуци.
Откако завршвиме, и се почувствував стресено и среќно и превртено наопаку, легнавме на големата лежалка и зборувавме. До нас еден геј пар ја тресеше Љубовната вреќа. Од другата страна една моја пријателка праќаше СМС, со маникираните нокти допирајќи го мазниот монитор на нејзиниот телефон. Луѓето почнаа да си одат, да се облекуваат, барајќи си ја долната облека по подот. Моето момче замина, земајќи ги со себе и лисиците; по пола саат и јас си заминав. Си ги побарав гаќичките под простирката, но не можев да ги најдам, па решив да си одам без нив. Го гушнав домаќинот и моите пријатели. Ноќта беше студена и ѕвездена, па чекорев внимателно да не се лизнам на мразот.
***
Следниот ден се разбудив со болка долу. За време на појадокот раскажував за забавата. Спомнав дека ми се допаднал последниот со кого сум спиела, но дека не му го знам целото име.
„Треба да го најдеш", ми кажа еден пријател. Така и направив - го најдов и го гуглав за да проверам дали е навистина тој. Не сум на Фејсбук затоа што ме плаши.
„Колку чудно е да му испратиш некому мејл откако си имал секс со него?"
„Колку е чудно да сретнеш некого на оргија?"
„Добро", си реков.
Прстите ми висеа над тастатурата. Од која мејл адреса? Со наслов или без наслов? Како да влезеш во предигра на интимноста кога крајната граница на сексот е веќе помината претходната ноќ, и тоа јавно? Што да се каже некому за кого единствената мистерија која преостанала е онаа на мојата личност, и за кого не бев сигурна дали воопшто сакам да бидам личност? Подобро ли е сето тоа да остане мистерија?
вL. Pham, Full Stop виа Salon