Бранот мерки на штедење со цел задоволување на кредиторите предизвика огромно страдање: повеќе од една четвртина од Грците се навработени, а клучните услуги, како здравство и транспорт, работат во својата најосновна варијанта. Економијата е во рецесија, а речиси и да нема начин како Грција самата себе да се извади од вака длабоката дупка.
На 18-ти мај, грчкиот парламент послушно го изгласа новиот пакет мерки за штедење, вклучувајќи зголемување данок и намалување на пензиите. Сепак грчките кредитори минатата седмица се сретнаа во Брисел и срамежливо не успеаа да се договорат околу новите услови што би дозволиле до јули да биде пуштен пакет од 7 милијарди евра потребен за Грција да не банкротира.
Најголемиот дел од вината за ова оди на Волфган Шојбле, германскиот министер за финансии и член на партијата на Меркел. Шојбле е против олеснувањето на долгот на Грција - како што се и многумина германски гласачи кои во септември ќе излезат на избори.
Дел од германската влада не се согласува со Шојбле, па германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел на 22 мај порача:
"На Грција отсекогаш и беше ветено олеснување на долгот кога ќе ги имплементира реформите. Сега ние мора да застанеме зад тоа ветување."
Новиот француски претседател, Емануел Макрон, ја изрази својата поддршка за олеснувањето во телефонскиот разговор со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, од минатата недела.
Европските министри за финансии се надеваат дека ќе постигнат договор откако ќе се сретнат на 15 јуни. Она што е спорно се условите под кои ММФ би се приклучил на обидите за спасување на Грција и колку е Германија подготвена да омекне.
Доколку и тоа не успее резултатите за Грција ќе биде катастрофални, а за Германија тоа ќе биде недозволива дамка, чија тврдоглавост е на сметка на единственото трајно решение на проблемите на Грција: економско закрепнување.