“ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО 2“ ГО РАЗМРДА СКОПЈЕ

Сабота 17.09 улиците во централното градско подрачје на Скопје беа наменети за љубителите на тркала. Над 2500 регистрирани учесници продефилираа со својот избор на чист транспорт: најбројни беа велосипедистите, потоа децата, учесниците со ролерки, скироли, тротинети а не изостанаа и родителите со бебе колички.

На задоволство на сите, ревијалната трка помина во најдобар ред, учесниците пристигаа на целта во градскиот парк задишани но и насмеани по релаксираното возење долж улиците ослободени од возила.

Во градскиот парк за добрата забава се погрижи 5+ бендот, омилениот бенд за деца во Македонија, нашиот единствен Даниел Кајмакоски кој ги испеа своите авторски хитови но и не потсети на неговите преработки на светските рок нумери а потоа следуваше извлекувањето на вредните награди во секоја од категориите. За крај на забавата настапија позитивните Пеперминт кои го задржаа вниманието на веќе уморните учесници, но и привлекоа други посетители на паркот.

На присутните медиуми и учесници на стартот им се обрати Генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје и претседател на Управниот одбор, г. Диомидис Николетопулос, кој изјави „Подолг, поздрав и посреќен живот ни е на дофат. Ако сите ние се стремиме да возиме, трчаме, па дури и едноставно да пешачиме наместо да возиме автомобили, ќе имаме долгорочни животни придобивки. Ова беше еден од главните мотиви кои го поттикнаа нашиот тим да го креираат „Вози право, вози здраво“ настанот и да го спроведат со огромна поддршка од јавноста веќе втора година по ред.
Посебно сум задоволен што го гледам тимот на Банката во вака непосредна соработка со јавноста во едно поинакво окружување и со поинаква агенда. Ова е воедно освежување но и инспирација. Ви благодарам што сте денеска тука, сите вие. Имајте убава трка долж улиците слободни од автомобили и уживајте во забавата во градски парк“.

Стопанска банка АД - Скопје во своите заложби како општествено одговорна компанија повторно како завршеток на ВПВЗ ќе донира за жителите на Град Скопје урбана опрема која во фокусот ќе ги има овие чисти форми на транспорт и заштита на животната средина. Банката изразува огромна благодарност за сите учесници, за сите институции со чија поддршка во фокусот беше безбедноста на учесниците и секако за тимот на волонтери вклучени во реализацијата на настанот.

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

(комерцијален текст)

19 септември 2016 - 09:21