Главно велигденско обележје кај православните христијани е бојадисувањето на јајца. Тие, по традиција во некои земји се бојадисуваат на Велики четврток, а се осветуваат за време на црковната служба. Едно од осветените јајца се чува до следниот Велигден. Овој обичај се применува и во Русија. Според древните руски обичаи, постојат два начина на бојадисување на јајца. Првиот начин е со користење природни начини на бојадисување (со кромид, цвекло и сл) и тие се нарекуваат “крашенки”. Вториот начин е со сликање разни орнаменти на јајцата и тие се нарекуваат “писанки”. Писанките се сликаат сурови и не се употребуваат во исхраната. По Духовден на овие јајца им се лепат пердуви и тие наликуваат на птици. Иако денес постојат поедноставни начини на бојадисување и украсување јајца, во Русија голем број верници сѐ уште се придржуваат на традиционалните. Велигден на руски е “Пасха”, па така се вика и главниот десерт кој е задолжителен по празничниот ручек.
Традицијата на бојадисување и украсување на велигденски јајца во Унгарија се заснова на техниката на гравирање. На претходно сварените и бојадисани јајца, прво со молив им се исцртува одредена шара или мотив и потоа со помош на подебела игла или нож се гравира јајцето според исцртаниот облик. Илдико Бако e народен уметник и сликар на јајца, со титула “витез на унгарската култура”. Во богатиот свет на унгарските модели на гравирање јајца тој користи древни елементи како ѕвезди, точки, животни и цветни и архаични мотиви, а најчесто и верски и национални симболи.
Во САД техниките на вапсување и украсување на јајца се менувале со текот на времето. Бабите уште многу одамна користеле лушпи од кромид и цвекло за да добијат природни бои со кои ги боеле велигденските јајца. Со текот на годините луѓето сѐ повеќе почнале да користат течни прехранбени бои, а денешните деца уживаат во подготвувањето и украсувањето на јајца со комерцијални техники со кои украсуваат шарени и светкави јајца. Речиси за сите техники на бојадисување на јајцата клучни и неопходни се две состјки – бел оцет и топла вода. Традиционалната велигденска вечера вклучува шунка. Исто така, присутни се и сезонските зеленчуци како боранија, моркови и аспарагус, заедно со месено лепче или погача. Вечерата завршува со свежо овошје, како што се јагодите или овошна салата со маршмелоу. Велигденското зајаче ги полни велигденските корпи на децата со слатки. Тие најчесто добиваат чоколадни зајчиња, слатки од маршмелоу и гумени бонбони.
Велигденските обичаи на овие три држави викендов беа претставени на настанот “Велигденски свет без граници” во Skopje City Mall, каде посетителите уживаа во богата и разновидна програма. Изложени се и велигденски јајца, односно уметнички и рачни изработки. Преку работилници за обичаите, техниките на бојадисување јајца и Велигденската трпеза, посетителите се запознаа со нивната култура. Тие ги презентираа своите велигденски обичаи и објаснија како го празнуваат овој празник.
За престојниот викенд најавени се работилници за обичаите, техниките на бојадисување и традиционалните Велигденски трпези на Македонија, Украина и Словенија кои ќе се претстават со свои презентации и изложби. На приземјето во Skopje City Mall е поставена и домашна фарма со вистински животни (зајаци, кокошки, пилиња и желки), на која фармерот Војо ги едуцира и анимира посетителите. Фармата е отворена секој ден од 10 до 22 часот. Настанот ќе трае до 17ти април и преставува вистинско уживање за целото семејство!
(комерцијален текст)